Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен, а во горниот тек на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени, јавува УХМР.
Од утре повремено ќе се зголемува облачноста и благо ќе се намалува дневната температура.
Според УХМР во четврток и петок претежно попладне ќе има услови за краткотрајна локална нестабилност со пороен дожд и грмежи и засилен северен ветер.