Актуелно

Денес Атина официјално ќе го извести Скопје дека го ратификувала Преспанскиот договор

Официјална Атина се очекува денес да испрати вербална нота до официјално Скопје, со која ќе го информира дека Грција го ратификувала Преспанскиот договор и протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.

Во петокот грчкиот парламент даде зелено светло за протоколот, а на 25 јануари го ратификуваше и Преспанскиот договор.

Следниот чекор е Северна Македонија да ги информира ООН, како и сите земји-членки, за влегувањето во сила на новото уставно име.

Од денес, Скопје, исто така, почна да ги менува имињата на улиците, објекти и документите кои го носат старото име на земјата.

Најпопуларно

To Top