Home Актуелно Денес 99 заболени со коронавирус, осум починати

Денес 99 заболени со коронавирус, осум починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1384 тестирања, а регистрирани се 99 нови случаи на ковид-19 од кои двоцифрени бројки има во Скопје-33 и во Охрид- 14.

По нив следува Куманово со седум, Прилеп, Битола, Кочани и Делчево со по шест новозаболени, Штип со пет, Тетово четири, Македонски Брод три, Струга и Велес по двајца и Гостивар, Гевгелија, Струмица, Крива Паланка и Виница по еден заболен.

Починати се осум лица, двајца пациенти од Тетово, двајца од Охрид и по еден од Делчево, Струга, Скопје и Дебар. Денеска, како што се информира, Институтот за јавно здравје регистрирал 214 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15226, бројката на оздравени пациенти е 12700, на починати е 631, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1895.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…