Home Актуелно Денес 72 новозаразени со коронавирус, починаа 3 лица

Денес 72 новозаразени со коронавирус, починаа 3 лица

Во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на Ковид-19.

Во Скопје – 24, Куманово – 6, Дебар – 4, Штип – 3, Прилеп – 1, Тетово – 2, Струга – 9, Велес – 1, Охрид – 1, Кавадарци – 1, Гостивар – 4, Гевгелија – 3, Крива Паланка – 1, Радовиш – 1, Кочани – 3, Пробиштип – 1, Берово – 1, Валандово – 1, Виница – 1, Делчево – 3, Свети Николе – 1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 54 оздравен пациент од: Скопје – 8, Куманово – 7, Штип – 4, Тетово – 1, Струга – 4, Велес – 2, Битола – 2, Охрид – 4, Гостивар – 11, Гевгелија – 1, Крива Паланка – 2, Кочани – 1, Берово – 1, Виница – 1, Свети Николе – 3, Кичево – 2.

Починати се 3 лица, пациентка од Струмица (44 г.), пациент од Гостивар (58 г.) веднаш по прием и еден пациент од Охрид (79 г.). Сите се починати во болница.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.293, бројката на оздравени пациенти е 12.754, на починати е 634, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1905.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…