Home Актуелно Денес 37 нови случаи со Ковид, 251 оздравен, шест починати

Денес 37 нови случаи со Ковид, 251 оздравен, шест починати

Министерството за здравство денеска информираше дека во последните 24 часа се направени 484 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19, шестмина починати и 251 оздравен пациент.

„Починати се 6 пациенти, од Скопје (73г), Струга (79г), Гостивар (55г), Крива Паланка (63г), Делчево (86г) и од Кичево (74г). Сите се починати во болнички услови“, велат од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.127, бројката на оздравени пациенти е 12.486, на починати е 623, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 2.018.

Најмногу новозаболени од последната статистика има во Скопје-9, па следат: Дебар-1, Прилеп-5, Тетово-3, Гостивар-1, Гевгелија-12 (странски државјани), Струмица-1, Радовиш-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Делчево-1, Кратово-1.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…