Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Речиси во целата територија на Македонија, денеска времето ќе биде претежно сончево и топло и ќе продолжи забрзаното топење на снежната покривка. Се очекува да дува слаб до умерен југозападен ветер. Максималната температура ќе се движи од 16 до 22 степени.
Во Скопје, сончево со мала облчност и со слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.
Во наредните денови се очекува промена со наоблачување и врнежи од дожд. Така, утре во попладневните часови најпрвин во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Локално ќе има услови за појава на грмежи проследени со краткотраен пороен дожд. Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер. Потоа во наредните два дена ќе има слаб локален дожд, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.