Ден Дончев си поднесе оставка на директорската позиција во Фонд за здравствено осигурување


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ден Дончев поднесе оставка на местото директор на Фондот за здравствено осигурување. Како причина Дончев навел дека оставката ја поднел заради семејни и здравствени причини. Истата е поднесена во Влада и се чека да помине на денешната седница.

„Да, точно е дека поднесов оставка од семејни здравствени причини, повеќе од тоа не можам да коментирам“, изјавил кратко Дончев за Нова ТВ.

Тој рече дека останува во државата. На прашањето дали станува збор за притисоци или трансформација на друго раководно место, одговори дека засега нема такво нешто.

На раководната функција, директор на ФЗО, Дончев беше назначен во август 2017 година, како резултат на коалицијата „ВМРО за Македонија“, од Обединети за Македонија, партијата на Љубе Бошковски.