Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Демонстрантите во Парагвај упаднале во зградата на Конгресот и ја запалиле во петок, откако Сенатот во тајност гласал за уставниот амандман со кој би му се овозможило на претседателот Хорасио Картес да се кандидира за втор претседателски мандат.
Уставот на Парагвај забранува реизбор на претседателот од 1992 година, откако во 1989 година беше соборена бруталната диктатура.
„Извршен е државен удара. Ќе пружиме отпор и ќе ги повикаме луѓето да ни се придружат“, рече сенаторката Дезире маси од опозициската Напредна демократска партија.
За да може уставниот амандман да стапи на сила, мора да го прифати и Застапничкиот дом.