„Демонот од Париз“ – муслиманскиот свет распали противМакрон


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


На насловната страница на тврдокорниот ирански весник имаше наслов „Демонот на Париз“, на улиците во Дака, тој беше прогласен за лидер кој „се поклонува на сатаната“. Неговата фотографија заедно со француското знаме беше запалена пред Француската амбасада. Бесот кон францускиот претседател Емануел Марон полека расте веќе со недели, но последниве денови достигна кулминација.

Макрон се најде на мета на демонстрантите ширум исламскиот свет по низата потези што ги презеде од почетокот на месецот. Тој најпрво објави контроверзен план за „реформа на исламот“ во земјата со цел тој да биде покомпатибилен со републичките вредности на Франција, а потоа, по бруталното убиство на професорот кој на час покажал карикатури на Мухамед, тој ги бранеше сатирични цртежи на пророкот како слобода на говорот и секуларизам.

Одговорите на муслиманските лидери беа бурни, а најгласен беше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој повика на бојкот на француските производи. Ова предизвика реакции во муслиманскиот свет со безброј култури, секти, политички системи и нивоа на економски развој.

Десетици илјади демонстранти во Бангладеш го нарекоа Макрон „сатанист“ и ги запалија неговите фотографии, откако вчера беа одржани слични протести во Пакистан, Ирак, Турција и Појасот Газа, пренесува Дејли меил.

Тврдокорниот ирански весник „Ватан-е Емруз“ на насловната страница објави карикатура на Макрон како ѓавол, означувајќи го како антиисламист и тврдејќи дека „биле видени француски екстремисти како го палат Куранот“.

Припадниците на исламистичката група Ислами Андолон Бангладеш се приклучија на протестот во Дака, повикувајќи ги муслиманите ширум светот да ги бојкотираат француските производи.

Демонстрантите од групата што се залага за воведување на исламистички закон во таа земја, носеа плакати со натпис „Сите муслимани на светот се обединуваат“ и „Бојкотирајте ја Франција“. Демонстрантите носеа и голема фотографија на Макрон со чевли околу вратот.

Многу корисници на Твитер од Кувајт, Катар, Турција, Египет, Алжир, Јордан и Саудиска Арабија се обединија под ознаките „Бојкотирај ги француските производи“ и „Бојкотирај ја Франција“.

Нова карикатура на познатиот француски сатиричен весник „Шарли Ебдо“, кој ги исмева Ердоган и Мухамед, додаде масло на огнот. Иранскиот претседател Хасан Рохани предупреди дека навредата на пророкот Мухамед може да предизвика насилство и крвопролевање.