Демирхисарскиот градоначалник приведен на распит за заканите со прислушување наставници, па пуштен дома


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Демирхисарскиот градоначалник Марјанче Стојановски вчера попладне беше приведен на информативен разговор за заканите со прислушување телефони кои ги упати кон наставниците на видеото кое беше објавено на интернет. По распитот, синоќа во 20:30 беше пуштен дома.

Од МВР информираат дека по насока на Јавно обвинителство Битола, градоначалник на општина Демир Хисар, М. С. (49), бил повикан на информативен разговор во ПС Демир Хисар поради објавена снимка во медиумите во текот на денешниот ден.

Стојаноски во станицата кажал дека снимката која се појавила на интернет е од протест во ОУ„Гоце Делчев“ во Демир Хисар кој се случил во средината на јануари годинава. Протестот се одржал заради промена на две учителки во други подрачни училишта.

„По насока на обвинителство М. С. е пуштен во 20.30 часот, а во врска со овој случај ќе се повикуваат повеќе лица на службен разговор со цел негово целосно расчистување“, велат од МВР.

Стојановски беше приведен поради видеото што се појави на интернет, на кое тој им се заканува на вработени во училиштата дека ги прислушува нивните телефонски разговори и ги следи во пресрет на референдумот, и сето тоа пред очите на децата.

„Значи заборавате дека во МВР работев, заборавате дека ги слушам сите телефонски јавувања, одење од куќи и така натаму“, им се заканил Стојановски на вработените.