Дембеле се опоравува побрзо од предвиденото! (фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најскапата аквизиција во историјата на Барселона, Осман Дембеле може да се врати на терените пред крајот на календарската година, пренесуваат шпанските медиуми.

Оваа информација ја потврди докторот Сакари Орава кој го оперираше францискиот репрезентативец. Тој откри дека е многу веројатно Дембеле да биде спремен за „Ел Класико“ против Реал Мадрид кое на програмата е на 23-ти декември.

„Рехабилитицијата тече побрзо од очекуваното. Играчот работи напорно за да се врати пред крајот на годината. Можно е да се врати за дербито со Реал Мадрид, но не можам ништо да потврдам со сигурност“, изјави докторот.