Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ упатија демант на, како што велат, лагите на Заев дека 8 јули е преговаран датум. Тоа е предлог на СДСМ кој од ВМРО-ДПМНЕ не е прифатен.
Ова е дел од реакцијата на опозициската партија за синоќешниот настап на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 каде рече дека биле блиску до договор за избори на овој датум.
Додека се губат живот од коронавирусот, велат од ВМРО-ДПМНЕ, на Заев паметот му е само во избори.
„Дополнително Заев лаже кога вели дека ќе има целосна мисија на ОБСЕ и ОДИХР, тоа е лажна приказна на Заев, затоа што сака избори без набљудувачи. Доколку Заев сака некој да му верува, нека покаже јавно каде ОБСЕ се има изјаснето дека ќе испрати целосна мисија. ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, но нема да гази по мртви луѓе. Животот на граѓаните нема цена. СДСМ ќе изгуби. ВМРО-ДПМНЕ ќе победи кога и да е. По поразот ќе следи одговорност за сите криминали, корупција и штети што и ги нанесе на Македонија. Тоа е причината зошто Заев бега и постојано ретерира“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Заев во телевизиското гостување рече дека ако нема договор помеѓу партиите, тогаш останува 5 јули како датум за избори бидејќи по завршувањето на вонредната состојба во сабота, тогаш истекуваат 22 дена за којшто период треба да се одржат изборите.