Делови од распарченото тело на новинарот Кашоги најдени во градината од саудискиот конзулат


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Делови од распарченото тело на убиениот и исчезнат саудиски новинар Џамал Кашоги беа најдени во бунарот од градината на конзулската резиденција на Саудиска Арабија во Истанбул.

„Од сигурни извори од истанбулската безбедносна служба имам информација дека телото на Кашоги е пронајдено во бунар, што се наоѓа во градината одрезиденцијата на Генералниот конзулат на Саудиска Арабија“, посочи Догу Перинчек, лидер на партијата „Ватан“.

Саудискиот новинар и дописник на „Вашингтон пост“, Кашоги е убиен во Саудискиот конзулат во Истанбул во тепачка. По повеќедневно демантирање, официјален Ријад во петокот призна дека Кашоги е убиен во Конзулатот во непланирана „караница и тепачка“.

Поради тоа уапсени се 18 лица и сменет е висок претставник на саудиската разузнавачка служба.

Кашоги исчезна на 2 октомври, а последен пат е виден како влегува во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.