Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На 23 декември, во кинескиот град Шиан, северозападна провинција Шаанши, пристигна првиот карго воз од Турција. Возот бил товарен со 1,383 фрижидери а тргнал од Истанбул на 4-ти декември.
„Овој радосен настан обележува ревитализирање на историските врски меѓу Турција и Кина“, изјавил турскиот амбасадор во Кина додавајќи дека железничката конекција меѓу Кина и Европа е особено важна во време на пандемијата и дека железницата игра круцијална улога во стабилизирање на меѓународниот логистички канал за набавки.
Од ова се очекува дополнително заживување на економската активност во цела Евроазија бидејќи железничкиот карго транспорт меѓу Турција и Кина е далеку пократок од вообичаениот прекуокеански транспорт.
Во првите 11 месеци на оваа година, на релација Европа-Кина, во Шиан дошле или од таму заминале вкупно 3.400 товарни возови, што е двојно повеќе од истиот период лани.