Деле Али – од мал деликвент до егзекутор на „мастодонот“ Реал Мадрид


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


И оние кои досега не го знаеја Деле Али, после синоќешната егзекуција која му ја изврши на гигантот Реал Мадирд, тешко дека некој ќе го заборави ова име и лик од теренот.

Реал Мадрид вечерва го доживеа најубедливиот пораз во последните неколку години во Лигата на шампионите, а херој во победата на Тотенхем беше Деле Али.

Младиот англиски репрезентативец постигна два погодоци, одигра во стилот на Зинедин Зидан, го имаше секаде на теренот, дриблаше, трчаше, затвараше, проигруваше и што е најважно погодуваше.

Сепак, малку кој знае нешто повеќе за него. Деле Али како мал често пати бил на погрешниот пат и во лошо друштво, оние кои го познаваат од тинејџерските денови откриваат дека бил на добар пат да стане дел од банда, а тоа веројатно најдобро го покажува фотографијата од неговите детски денови.

Дури и неговата мајка стравувала за неговиот развој во тинејџерските денови.

„Тоа беа тешки денови за нас, живеевме во млас стан, бев самохрана мајка со четири деца. Деле многу време поминуваше надвор и тоа во погрешно друштво. Доколку не играше фудбал, денес ќе беше на погрешен пат“, изјави во една ситуација мајката на фудбалерот кој вечерва го сруши Реал Мадрид.

Неговите познаници зборуваат дека бил многу блиску до тоа да стане деликвент, на фудбалот и на животот тој гледал како на забава. Не сакал многу да тренира, поточно сакаше, но на свој начин. Често пати се противел на наредбите на тренерот и не поднесувал авторитет.

Сепак за негово, но и среќа на Тотенхем, за овој мал „мангуп“ зборува целиот свет. Постигна два погодоци и го сруши актуелниот шампион на Европа.