Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Деле Али блеска во дресот на Тотенхем и за него интерес покажува Реал Мадрид, но и најголемите англиски клубови.
Наводно Флорентино Перез е спремен да плати 60 милиони евра за ѕвездата на Тотенхем, но таа понуда е премала и „спарси“ ќе ја одбијат експресно.
Тотенхем веќе спрма нов договор за својот играч и е спремен да ја нариши клупската политика кога се платите во прашање. Имено, „спарси“ имаат правило највисоката плата да биде 100.000 фунти неделно, но се спремни на Деле Али да му понудат 150.000 за да го задржат во своите редови.
Сепак, англиските медиуми тврдат дека во Тотенхем стигнала понуда која ќе ги натера на размисливање челниците на клубот.
Баерн Минхен е спремен да го сруши германските и клупскиот рекорд и да понуди 100 милиони евра за потписот на Деле Али, сума која може да го натера раководството да го продаде својот бисер.
Баварците немаат проблем да ја платат таа сума, сакаат да направат подмладување на тимот и се спремни да му понудат плата која Тотенхем нема да може да си ја дозволи.
Сепак, треба да го почекаме летниот преоден рок бидејќи Баварците не се сами во трката и постојат уште неколку клубови кои нема да жалат пари за младиот Англичанец.