Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Македонија кажа „не“ на испратеното барање за забрзување на преговорите и средба пред крајот на овој месец од страна на ко-претседателот на бугарската страна од Комисијата за историски и образовни прашања формирана меѓу Македонија и Бугарија, во врска со прашањето за ликот и делото на револуционерот и деец Гоце Делчев.
Барањето на Димитров уследи по апелот на бугарскиот премиер Бојко Борисов, за време на посетата на Скопје, за комисијата да донесе резултати до октомври, односно да не ги одложува средбите, туку да работи на дневна основа.
Бугарските медиуми известија дека во одговорот од македонската страна е наведено оти состанувањето на комисијата не е можно поради летните одмори. Тие наведуваат дека следната средба ќе се одржи на 12 или на 13 септември.
ЕУ ја одложи одлуката за почнување на пристапните преговори со Македонија и со Албанија за октомври кога се очекува повторно да се состанат шефовите на дипломатиите на Унијата.