Дел од телото од кој жените најмногу се срамат, а мажите го обожаваат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Спротивно на генералното (женско) мислење, еден дел од телото жените го сокриваат поради несигурност и недоволно самодоверба, а токму тој дел пак, мажите, многу го обожаваат.

Една позната странска веб страница посветена на фитнесот направи анкета за привлечните физички особини кај двата пола, а резултатите доведоа до интересни заклучоци.

Еден дел од женското тело, поради кој жените често губат самодоверба и го кријат, а мажите го наведоа како посебно привлечен е женското стомаче.

Дури и мажите кои обожаваат мускулести и атлетски градени жени, наведоа дека стомачето е секси и сакаат да го видат многу повеќе отколку перфектно извајани „стомачни плочки“.

Кога е во прашање лицето, 87 насто од мажите изјавија дека на него прво што забележуваат се очите, а на второ место се најдоа усните.

Повеќето машки испитаници потврдија дека преферираат „просечен“ изглед кај женското тело, а атлетски граденото женско тело било приоритет за само 3 насто од анкетираните мажи.