Дел од соблекувалната на Јунајтед веќе е против Санчез


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Слабите партии на Алексис Санчез во дресот на Манчестер Јунајтед му носи големи непријатности на Чилеанецот, кој сам призна дека очекувал многу подобар старт на „Олд Трафорд“.

Критиките кон „седумката“ се очекувано, особено поради фактот што тој во јануари стана најплатениот фудбалер во Премиер лигата. Меѓутоа, неговиот придонес за тимот до овој момент е незначителен и постигна само еден гол во 10 меча за „црвените ѓаволи“.

Медиумите на Островот тврдат дека најголемите критики за неговите партии дошле од соблекувалната. Според информациите дел од играчите на Јунајтед скокнале против Чилеанецот на полувремето на мечот против Севиља во ЛШ.

Дел од играчите негодувале дека Санчез игра само за себе и дека не се враќа кога тимот ќе ја загуби топката, односно не помага во дефанзива. Притоа на Чилеанецот му било предочено дека барањата во тим како Јунајтед се доста поголеми од тие во Арсенал.

Самиот фудбалер, кој во тој натпревар ја загуби топката 42 пати, признал дека греши, а на следниот меч против Брајтон беше оставен на клупата за резерви.

Напаѓачот, кој моментално е со чилеанската репрезентација синоќа публикуваше слика на Инстаграм со која сподели интересен текст.

„Знам дека си уморен. Знам дека си прихички и емоционално истрошен. И покрај тоа треба да се насмееш и да продолжиш“.