Дел од платата на Меси му ја исплаќаат во криптовалути


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Платата на фудбалскиот ас Лионел Меси во дресот на Пари Сент Жермен изнесува 41 милион евра бруто, а според „Паризиен“ дел од платата ја добива во криптовалути.

Меси основал фирма „Play Time Sports-Tech HoldCo“ за да инвестира во спорт, медиуми и технологија.

Неговата компанија помага при создавање на фудбалски технологии, организација или при инвестирање во тимови.

Фирмата е основана во Сан Франциско, а дел од платата која му стасува во криптовалути му пристигнува на таа фирма.