Дел од горивата со повисоки цени од полноќ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со новата неделна одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство ќе се продаваат по цена повисока за половина денар. За разлика од нив, цената на ЕУРОСУПЕР 95 и 98 останува иста.

Согласно оваа одлука, новата цена на дизелот ќе биде 60,50 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство 50,50 денари за литар.

ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава по цена од 66,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 68,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,711 денари за килограм во однос на претходно утврдената цена, така што отсега тој ќе се продава по цена од 31,650 денари за килограм.