Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги синоќа информираше дека се исполнети предусловите за корекција на цената на поголем дел од нафтените деривати поради тоа што продолжува трендот на раст на цените на нафтените деривати на светските берзи и во исто време курсот на доларот во однос на денарот е зголемен за 0,49%.
Во споредба со претходната пресметка се бележи зголемување кај следните нафтен деривати и тоа во просек : кај дизелот за 3,616%, кај екстра лесното масло за 2,984% и кај мазутот зголемување за 2,265%. Согласно овие податоци, РКЕ донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,67 % во однос на Одлуката од 9.3.2022 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 денари/литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 денари/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,404 денар/килограм и сега ќе изнесува 60,569 ден/кг.
Од 11.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 93,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 95,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 92,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 60,569 (денари/килограм)
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.3.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.