Дел од експертската јавност незадоволна од законот за амнестија – се чека потпис од Иванов


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дел од правните експерти во земјава изразија незадоволство од законско-правните решенија кои се нудат со новиот Закон за амнестија, додека политичката фела е во исчекување на потписот од претседателот Ѓорге Иванов на усвоениот закон.

Доколку Иванов го потпише, законот ќе биде објавен во Службен весник, по што веднаш ќе стапи во сила и ќе се знае кои од учесниците во настаните од 27 април минатата година, доколку побараат, ќе можат да добијат амнестија.

Секој од осомничените, обвинетите или осудените ќе треба сам да побара амнестија во рок од пет дена, а Судот и Обвинителството ќе имаат рок од исто така од пет дена за да одговорат кој ќе биде помилуван, а кој не.

Обинителката во случајот „27 април“ Вилма Русковска, е незадоволна што е донесен Закон за амнестија, но, вели дека ќе го почитува.

–Како обвинител кој вложил многу труд, многу работа во предмет, но и како граѓанин на оваа држава не сум задоволна од Законот за амнестија, изјави Рускоска по завршување на вчерашното судско рочиште за случајот „ 27 април“.

Калајџиев изразува надеж дека ќе дојде време кога ќе му се даде малку повеќе вредност на правото и на правната држава, во смисла политичарите да ги тргнат рацете од казненото правосудство и од судството во целина, но очигледно, како што посочува, приликите се уште се такви какви што се.

-Политичките елити едноставно уште го немаат достигнато тоа ниво на политичка култура да успеат да се воздржат и наспроти ветувањата кои што ни ги даваа, вели професорот и потсетува дека претходната власт паднала, меѓудругото, на тој бран на незадоволство од начинот на кој што се практикува владеењето на правото, односно владеење на една политичка автократија.

Македонското Собрание завчера по скратена постапка со 95 гласа „за“, без против и воздржани го донесе Законот за амнестија за настаните во Собранието од 27 април минатата година.

Согласно законот, амнестијата нема да ги опфати организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје, како и службените лица кои ги пречекорите службените овластувања.