Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На денешниот протест пред Влада, демонстрантите почнаа да фрлаат со камења, јајца и тоалетна хартија кон владината зграда, а се слушаат и експлозии веројатно од петарди. Демонстрантите кои ја пробија и заштитната ограда ги предводи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.
Дел од демионстрантите се судрија со полицијата која постави кордон пред зградата на владата, откако ја пробија заштитната ограда и започнаа да фрлат по полицијата со камења.
Демонстрантите извикуваат „Оставка, оставка“, се пеат патриотски песни, свирежите стануваат се погласни и тензијата се повеќе расте.
Претходно, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги повика граѓаните на голема масовност затоа што, според информациите на опозицијата, владата утре има намера да го прифати предлогот на француското претседателство.