Дел од членовите на македонската страна во мешовитата историска комисија се оградуваат од изјавата на премиерот Заев


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Двајца од членовите во македонско-бугарската историска комисија се оградуваат од ставовите на премиерот Зоран Заев искажани во интервјуто за бугарската новинска агенција БГНЕС.

Како што пренесува Дојче Веле, првата реакција е на Љубица Спасковска, која вели дека ги осудува последните изјави на премиерот и апелира политичарите да се воздржуваат од тврдења кои не се во нивни домен на познавања и експертиза.

„Во цела западна историографија и во доменот на јавна историја терминот окупација е општоприфатен и за улогата на Бугарија во Втората Светска Војна доволно говори мировниот договор потпишан со сојузниците вклучително и со Македонија како дел од Југославија во 1947“, вели таа.

Потоа се огласи и Огнен Вангелов, член на Комисијата кој го сподели ставот на Спасковска.

Премиерот Зоран Заев, во интервју за БГНЕС рече дека новите генерации не ја знаат целата реалност, а таа треба да нè обединува.

„Ако не ги признаеме слабостите на историјата, не можеме да ја градиме иднината. Треба да создадеме позитивна атмосфера за младите да го користат ова минато како „отскочна штица“ за подобра иднина во наредниот период. Бугарија не е фашистичка земја, Бугарија е наш пријател. Новите генерации не ја знаат целата оваа реалност и таа мора да нѐ обедини. И во Северна Македонија и во Бугарија, ова влијае на луѓето на многу погрешен начин. Ако некој си дозволи да ја оцрни Бугарија со ПР-публикации ширум светот, ќе сноси одговорност. Тоа нема да го дозволам. Државата не учествува во тоа“,

вели Заев во интервју за бугарската агенција БГНЕС.