Спорт

Дејвис Камара е нов тренер на ЖРК Вардар!

Давид Дејвис Камара е новиот тренер на женскиот ракометен клуб Вардар. Шпанскиот тренер на функцијата ја наследи Индира Кастратовиќ, која пред две недели доби отказ.

Давид Дејвис Камара, асистентот на Раул Гонзалес во машката екипа, од понеделникот веќе работи со женската екипа, а сопственикот Сергеј Самсоненко, денес официјално на јавноста и го престави новиот тренер.

„Благодарам на Самсоненко, до клубот, за сите што веруваа во мене за укажаната доверба. Сега треба полека, треба време, чекор по чекор да ги консолидираме работите. Исто така сакам да му се заблагодарам и на Раул Гонзалез поради кој дојдов во Скопје, во Вардар. Со него бев цели 18 години, прво како соиграчи, потоа како негов помошник, а ете сега ќе бидам и тренер. Што се однесува до дуелот со Астраханочка, тоа е млада екипа и многу агресивна која влегува во мечот и нема што да изгуби. Ние пак од друга страна мораме да ги победиме сите домашни натпревари, но како што кажав ни претстои многу работа, но со ред, чекор по чекор“, изјави Камара на одличен македонски.

Давид Дејвис Камара ќе го предводи тимот до крајот на сезоната, а како што рече сопственикот, тој самиот треба да реши дали ќе му биде потребен дополнителен асистент.

Advertisements
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top