Home Шоубизнис Дејвид и Викторија Бекам ја продаваат вилата во Лос Анџелес

Дејвид и Викторија Бекам ја продаваат вилата во Лос Анџелес

Иако вилата во сопственост на семејството Бекам во Лос Анџелес има импресивен поглед и базен, Дејвид и Викторија одлучија да ја продадат, бидејќи за нивното семејство е веќе премала за нивното семејство и нема доволно простор за фудбал. Сега сакаат да купат нова и поголема вила.

Дејвид и Викторија Бекам веќе девет години живеат во Лос Анџелес, а славниот пар, после тој период поминат во оваа луксузна вила, реши да купи поголем имот, со поголема недвижнина, бидејќи, како што велат, сегашниот дом им е претесен.

5-12-bekam-vila2

Тие во САД живеат на луксузен имот кој се протега на повеќе од 5.000 квадратни метри, а вилата која ја купија за 24 милиони фунти зафаќа површина од 1.200 квадратни метри. На имотот има и голем базен, но она кое им недостига на Бекамови е фудбалски терен, поради што и сакат да го продадат сегашниот дом.

5-12-bekam-vila

„Немаат место за игралиште, па децата мора да одат кај Гордон Ремзи или Елтон Џон, кога сакаат да играат фудбал“, вели неименуван извор близок на семејството, додавајќи дека славниот пар сега бара куќа која ќе ги задоволи сите нивни сегашни потреби.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…