Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По разводот од 22-годишниот брак со сопругата Катерин Лобе, планетарно популарниот диџеј Дејвид Гета (51) започна љубовна врска со 27-годишната Џесика Лејдон.
Најновите фотографии од нив двајца кои пристигнуваат од плажа на Мајами, покажуваат дека и по пет години заеднички живот, се гледа дека диџејот и неговата девојка се сакаат како на почетокот.
Францускиот диџеј, познат во целиот свет и убавата манекенска по потекло од Куба се снимени на плажата , каде покажуваат колку се сакаат. Џесика ги привлекуваше погледите со атрактивниот изглед во костум за капење.
Минатата година почнаа и гласините дека Гета ќе се венча со Џесика, која веќе извесно време носи дијамантски прстен, иако не се изјаснуваат кога ќе застанат пред олтар.