Дефо се расплака за младиот Бредли: Му се бројат деновите!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Џермејн Дефо е голем пријател со младиот напаѓач на Сандерленд, 6-годишниот Бредли Ловери кој цел живот се бори со опасна болест. Лекарите при крајот на 2016 година му рекоа дека има само неколку месеци живот.

Храброто детенце еднаш го победи ракот, но опасната болест повторно се врати и према најновите информации кои доаѓаат од неговото семејство, состојбата му е многу лоша.

„Ова се многу тешки времиња за нас бидејќи го чекаме крајот. Бредли се бори од првиот ден, но се чини дека на борбата и дојде крај“, изјавија од неговото семејство.

Во акцијата за негова помош се вклучија многу луѓе, а тешките денови често знаеше да му ги олесни токму Џермејн Дефо, кого Бредли едноставно го обожава. Често го посетуваше во болница и го водеше на натпреварите на Сандерленд, омилениот клуб на малиот Бредли.

„Времето минато со него беше специјално, врската која ја минав со Бред ќе ја паметам уште од првиот момент. Во прв момент не можев да поверувам дека Бред е тоа болно момче, тој едноставно беше полн со живот и трчаше накај мене. Од тој момент имам специјална врска со него, разговарам со неговата фамилија секој ден. Бев покрај него пред неколку дена и ми беше навистина тешко да гледам како се мачи“.

„Мислев дека сум подготвен за ова, поминав низ нешто слично при смртта на мојот татко. Но навистина е тешко да се гледа вака момче на негова возраст. Очигледно многу се мачи во последно време и прашање на денови е за најлошото. Тој секогаш ќе биде во моето срце до крајот на мојот живот“, изјави низ солзи Дефо.