Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради дефицит на возачи на камиони, канадските камион стојат неподвижни, а и покрај понудата на Канада годишна плата од 80 000 канадски долари (околу 51.457 евра), оваа земја мака мачи да најде камионџии.
Здружението на возачи на камиони во Канада соопштил дека на транспортниот сектор му недостасува 48 000 возачи ширум земјата, а потребата за нив треба да биде задоволена до 2024 година.
Многу компании во покраината Њу Брунсвик кои се занимаваат со транспорт се жалат на тешки услови за живот и работа поради кои не можат да најдат возачи кои ќе возат на долги релации, пренесуваат Nezavisne novine.
Примањата кои се зголемуваат од ден во ден изгледа дека не се решение на проблемот. Возачите на камиони кои допрва почнуваат да се занимаваат со оваа професија годипно заработуваат и до 80 000 канадски долари (околу 51.457 евра). Во поедини делови примањата се и 100 000 канадски долари (околу 64 361 евра) годишно.