Дефинитивно оваа е најдобрата реклама за авиокомпанија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Некаде во рурална Анадолија, гледајќи ги постојано авионите кои го надлетуваат нивното место, неколку деца мечтаат да видат еден авион кој ќе слета во нивното село.

И не само што копнеат за тоа, туку решаваат да преземат конкретни чекори во обид некој од авионите да ги забележи одозгора и да слета кај нив.

Рекламата која ја направи Turkish Airlines, со порака дека „нема поента што летаме на повеќето дестинации низ светот, ако не летаме секаде низ Турција“ ја освои интернет публиката и стана вистински вирален хит на социјалните мрежи кој експресно се споделува.