Дефинитивно: Нејмар во АУТ до крајот на сезоната


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Готово е извесно дека Нејмар нема да го гледаме на фудбалските терени до крајот на сезоната.

Бразилецот ќе биде опериран во сабота и според зборовите на докторот од бразилската репрезентација, Родриго Лесмар ќе биде надвор од терените два до три месеци. Операцијата ќе биде извршена во сабота во Бело Оризонте во Бразил.

Сезоната во француското првенство е очигледно завршена за Бразилецот, а до почетокот на Светското првенство остануваат уште 100 дена, па останува да видиме дали ќе има доволно време комплетно да се опорави од Миндијалот.

Нејмар има скршеница на петтата метаторзална коска на десното стапало и одличи да ја лекува повредата со операција.

„Должината на рехабилитацијата ќе зависи од тоа како ќе течи операцијата, но проценуваме дека ќе се врати за два до три месеци. Сметаме дека ќе има доволно време да се опорави до Светското првенство“, изјави Ласмар.