Дефинитивно е: Роналдо во јануари слободно може да си оди од Манчестер Јунајтед


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сагата со статусот на Кристиано Роналдо во дресот на Црвените ѓаволи траеше цело лето. Португалецот на крајот остана во Манчестер Јунајтед, меѓутоа натпреварите кај Ерик Тен Хаг ги започнува од клупата за резерви.

Во дербито против Манчестер Сити Роналдо воопшто не настапи. Беше испратен на загревање, меѓутоа не влезе во игра, а Тен Хаг изјави дека не го уфрлил затоа што Роналдо не заслужувал да игра при таков резултат кога ништо не може да се смени.

Меѓутоа медиумите пренесуваат дека на холандскиот стратег му станало јасно дека самиот клуб трпи преголем притисок поради статусот на Роналдо и веќе го известил раководството дека се согласува тој да биде продаден во јануари.

Во јавноста Тен Хаг постојано изјавуваше дека смета на Роналдо и не очекува тој да замине, меѓутоа ситуацијата е променета и се надева дека со агентот на Роналдо Жорге Мендеш ќе пронајде излезе во јануари.