Дечкото ѝ подари огрлица – после една година откри што всушност носела цело време


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Австралиецот Тери на својата девојка Ана ѝ подари огрлица со дрвен приврзок кој самиот го изработил, а на девојката толку многу ѝ се допаднала истата што воопшто не ја симнувала од својот врат цела една година. После една година, Тери одлучил да ѝ покаже што всушност се крие во приврзокот кој 365 дена го носела на својот врат.

Парот отишол на патување во Шкотска за кое отсекогаш сонувале да го направат, а тогаш Тери ѝ рекол на Ана да ја извади огрлицата за да ја фотографира со карпите. Кога му ја дала, тој ја расекол на половина, а од дрвениот приврзок извадил веренички прстен со кој ја побарал Ана за сопруга на нивното патување од соништата.

„Првин се обиде да сфати што се случува, а кога се смири ме праша дали прстенот бил цело време во приврзокот“, раскажува Тери. Кога чула дека цело време една година го носела вереничкиот прстен Ана откачила.

„Сум можела да го загубам“, му викала на својот вереник, но набрзо после тоа ја обзела радоста и среќата од запросувањето.