Дебакл на референдумот за промена на името на Македонија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Референдумот за промена на уставното име на Македонија и прифаќање на Договорот од Преспа доживеа вистински дебакл ако се знае дека до 18:30ч излезеноста беше само 34.76%.

Македонскиот народ не се огласи и покрај огромната пропагандна владина машинерија, како и бројните повици од меѓународните фактори да излезе за да си го промени историското име. Напротив, огромното мнозинство се реши да остане дома и да се вклучи на народната кампања Бојкотирам.

Ваквиот епилог е уште поизненадувачки ако се знае дека опозициската ВМРО ДПМНЕ не беше конкретно за бојкот на овој референдум, ниту пак ја искористи можноста да води кампања, туку остави граѓаните сами да одлучат, а неколку видни функционери на партијата се решија да гласаат.

Останува да видиме дали Владата ќе се реши по секоја цена да го спроведе Договорот кој очигледно не е прифатлив за граѓаните, или конечно ќе ретерира.