ДЕБАКЛ на Бундес лигата: Германските клубови се 10-ти по коефициент во Европа сезонава!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Слабото претставување на германските клубови во европските натпреварувања, ја постави Бундес лигата на 9-то место меѓу европските првенства кои имаат свои претставници во Лигата на шампиони и Лига Европа.

Хофенхајм, Херта и Келн не успеаа да ја поминат групната фаза во Лига Европа, а Фрајбург беше елиминиран уште во елиминационата фаза.

Баерн Минхен пак е единствениот клуб кој успеа да ја помине групната фаза во Лигата на шампиони, а Лајпциг и Борусија Дортмунд на пролет ќе играат во Лига Европа бидејќи завршија на 3-то место во своите групи.

Моменталниот коефициент на Германците е 6.000, а тоа е многу далеку од водечките лиги. Англија е лидер со 12.214, а во Топ 3 се уште Шпанија (11.000) и Италија (10.833).
Германија се наоѓа на 9-то место според коефициентот оваа сезона, а интересно е што пред неа се наоѓа и Кипар.

На официјалната ранг листа на УЕФА, која ги пресметува последните 5 сезони, Германија падна на 4-то место, па има среќа што Европската куќа го промени системот, инаку следната сезона во ЛШ ќе имаше само три претставника, како што во моментов има Италија.