Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Стигна првиот „тизер“ за третото продолжение од научно-фантастичната акциона комедија „Deadpool“ со Рајан Рејнолдс во главната улога.
После фантастичниот успех на првите два дела од филмот, обожавателите на оваа франшиза со нетрпение чекаат да видат што ги чека во третото продолжение. Досега многу малку е познато за „Deadpool 3“, а во описот за филмот само стои дека ќе вклучи уште една популарна екипа од X-Men, X-Force, што на фановите не им е баш многу јасно за што ќе станува збор.
„Тизерот“, исто така, не открива многу, освен дека и понатаму ќе уживаме во уникатниот хумор на Рејнолдс.
„Ова е улога за која се чувствувам најпривилегиран што сум ја добил во целата моја кариера“, изјави неодамна актерот во интервју за Lorraine.
Тој откри дека постои можност Хју Џекман да ја репризира улогата на Вулверин во „Deadpool 3“.
Официјалниот термин за премиерата на филмот уште не е објавен, а судејќи според описот во објавата на „тизерот“, во кината може да стигне дури во 2020 година.