Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Netflix го објави првиот „трејлер“ за долгоочекуваниот нов филм на култниот режисер Мартин Скорсезе, The Irishman, во кој главните улоги ги имаат Роберт Де Ниро, Ал Пачино и Џо Пеши.
Режисерската легенда Скорсезе филмот го најави уште во 2010 година, кога изјави дека повторно ќе се здружи со Роберт Де Ниро за филмска адаптација на книгата од Чарлс Бренд, „I Heard You Paint Houses“. Тоа до денес уште се немаше случено, покрај другото и поради парите кои беа потребни да се вложат за дигитално да се подмладат актерите, пренесува Esquire.
Скорсезе, со помош на Netflix, конечно ја реализираше својата идеја. Френк Ширан, кој го глуми Де Ниро, ги обавува валканите работи за мафијата, и судејќи по сè, учествува во убиството на култниот синдикалец Џими Хофа, кој го глуми Ал Пачино. Низ „трејлерот“ се редат сцени од убиства кои Ширан ги извршил за мафијата.
Освен трите споменати актерски легенди – Де Ниро, Пачино и Пеши, во The Irishman ќе глумат и Боби Канвејл, Ана Пакин, Реј Романо и Џеси Племонс.