Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јувентус ја доби трката за потписот на Матијас де Лихт и денес официјално ги претстави холандскиот дефанзивец.
Де Лихт имаше многу понуди на маса, но изјави дека Јувентус бил логичен избор, бидејќи неговите идоли се Италијанци.
„Се восхитувам на каков начин играат италијанските дефанзивци. Мојата одлука ја донесов поради фактот што сакав да играм во Италија. Мои идоли се Барези, Малдини, Неста и Канаваро“, истакна Де Лихт.
„Одлуката не беше лесна, имав многу опции и секогаш треба добро да се анализира за да ја донесеш најдобрата одлука. Многу фактори играат улога. Важно ми е да знам колку ќе играм, каква доверба има клубот во мене. Јувентус ме посакуваше најмногу“.
„Во Ајакс играв 10 години во академијата и три години во првиот тим. За мене беше многу емоционално заминувањето, но знаев дека морам да направам чекор напред во кариерата“, изјави Холанѓанецот.
We fuel adrenaline. We ignite ambition. Are you ready? #LiveAhead#TURNDELIGTON pic.twitter.com/uL0NcrbwUM
— JuventusFC (@juventusfc) July 18, 2019