Де Брујн откри детали од односот со Мурињо


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити, Кевин де Брујн пред градското дерби со Јунајтед го коментираше неговиот однос со Мурињо додека и двајцата беа во Челзи.

Де Брујн во Лондон пристигна во 2012 година, но не доби вистинска шанса и после две години замина во Волфсбург каде „експлодира“.

Манчестер Сити го врати Белгиецот во Премиер лигата, а оваа сезона Де Брујн е еден од најдобрите фудбалери на Островот.

„Навистина не сум некој што премногу разговара со тренерите. Доколку тренерот сака да разговара со вас, тогаш тој и ќе го направи тоа. Тој е шеф. Можете да бидете со него во добри односи, меѓутоа секогаш постои дистанца помеѓу играчот и тренерот“.

„Со Мурињо разоварав само два пати, кога сакав да се преселам во Дортмунд и вториот пат кога тој се согласи дека подобро за мене е да заминам“, откри Де Брун.