Home Наука и техонологија DDR5 од Intel Core i9 14900K постигна нов светски рекорд во брзина (снимка)

DDR5 од Intel Core i9 14900K постигна нов светски рекорд во брзина (снимка)

Со објавувањето на 14-та генерација на процесорот „Intel Raptor Lake Refresh“, подобрен е потенцијалот за „оверклокување“ и зајакнување на работниот такт на процесорот, како и „DDR5“ меморијата.

Ова го докажа тим експерти за оверклокување, наречен „Team AU Overclocking“, за време на неодамнешниот глобален турнир „IEM Sydney Counter-Strike 2“.

Оверклокерите успеаја да постигнат нов светски рекорд за фреквенцијата на „DDR5“ меморијата, која сега е 5809,2 MHz, во живо на сцената.

Машината што го постави новиот рекорд за оверклокување имаше нов процесор „Intel Core i9 14900K“, матична плоча „GIGABYTE Z790 AORUS Tachyon X“ и „GIGABYTE DDR5-8333 16GB“ меморија.

Најдобро од сè, рекордот „DDR5-11618“ од „5809,2 MHz“ е потврден и објавен на листата „HWBOT“, каде што моментално го држи светскиот рекорд.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…