Дава 9.000 евра месечна плата и 3 месеци одмор – понуда која никој не ја прифаќа


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Рурален општ лекар во Нов Зеланд нуди 115.000 eвра годишна плата, односно над 9.000 евра месечна, за да привлече болничар кој би му помагал со работата. Меѓутоа, по две години, работното место се уште останува празно.

Доктор Алан Кени е еден од сопствениците на медицинска ординација во градот Вајкато во северниот дел од островот, кадешто населението изнесува 13.600 жители. Лекарот потекнува од Обединетото Кралство, а за медиумите изјавува дека има премногу работа и постојано е принуден да откажува одмори бидејќи не може да најде замена или помошник.

Може да понудам навистина, навистина добра заработувачка, неверојатна е. Мојата работа експлодираше изминатата година и колку повеќе пациенти запишувате толку повеќе пари добивате. Но навистина е премногу на крајот на денот, вели лекарот.

Пред две години, ќерката на Кени работела како лекар во ординацијата за да му помогне, а сега е единствениот лекар од Нов Зеланд кој работи таму. Освен платата, Кени им нуди на кандидатите и три месеци одмор во годината, без ноќни смени или работа за викенди и половина од акциите од ординацијата со 6.000 пациенти.

Меѓутоа, и покрај дарежливите услови, тој немал среќа со апликациите во последните неколку месеци.

Властите велат дека поголемиот дел од руралните ординации се пополнети со странски дипломци по медицина. Просечната плата за еден рурален лекар изнесува од 150.000 до 280.000 долари годишно, а потребни се две до три години за пополнување на едно работно место.