Дарко Грнчаров – Момчето од „земјата на лажни вести“ кое ги измами Серена, Навратилова и „Би-Би-Си“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Македонскиот „тенисер“ Дарко Грнчаров – не постои!

„Момчето од земјата на лажните вести кое успеа да ги измами Навратилова, Серена Вилијамс и Би-Би-Си. Вака новинарот на „Њујорк тајмс“ , Бен Ротенберг ја започнува својата приказна за момчето чија приказна стигна до насловните страници на сите светски медиуми.

Се започнува со комата на Дарко Грнчаров во која бил шест месеци, токму таа приказна ја воодушеви и славната тенисерка Серена Вилијамс. Но од вчера сите профили кој „тенисерот“ ги имал на социјалните мрежи се избришани.

Приказната на ова момче како што кажавме стигна и до Серена Вилијамс која лично му испрати порака во која тврди дека сака што побрзо да го запознае.

Стигна и до „Би-Би-Си“. Познатата ТВ куќа пишуваше за неговиот неверојатен живот и како тој се вратил од кома и повторно му се посветил на тенисот.

Сепак сето ова немаше да биде ни малку чудно доколку „тенисерот“ имаше барем некаде фотографија со неговиот лик, дури и на видеата од неговите тренинзите ликот никогаш не му се гледа.

Покрај тоа, неговиот единствен официјален натпревар кој некаде е заведен е поразот од црногрскиот тенисер Никола Вукотиќ од кого загубил во два сета два пати по 6:0. Треба да се истакне и дека Вукотиќ е тенисер со една победа во последните седум години.

Сепак, Грнчаров тврдел дека има спонзорски договор од „Адидас“, како и дека наскоро ќе започне со соработка со комапнијата „Вилсон“ која израбува тениски рекети.

Сомневањето во Дарко започнало кога сфатиле дека оваа приказна е навистина предобра, покрај тоа тука беше и тоа што доаѓа од како што не нарекува новинарот „земјата на лажни вести“. (поради вестите за Трамп кои беа дело на тинејџери од Велес)

Но, Грначров претходно веќе одржа интервјуа со големи светски медиуми. „Тенисерот“ тврдел и дека соработувал со познатиот Виктор Троицки, сепак кога Троицки бил запрашан за Дарко неговиот одговор бил дека воопшто не познава такво момче.