Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
„Dark“, според многумина, е најдобрата, истовремено и најкомплескна серија која излегла од филмската сериска продукција на Netflix. Серијата совршено ја комбинира внатрешната семејна драма со патувањето низ времето, а третата и последната сезона на „Dark“ неодамна ја доживеа премиерата на филмската платформа.
Во основа серијата е oд жанрот мистерија. Слично како „Stranger Things“, првата сезона на „Dark“ е фокусирана исклучиво на потрагата по исчезнато дете. Но, во оваа серија детето не избега во паралелен универзум, туку во различно време, односно во минатото.
Имајте на ум дека серијата е прилично комплексна со испреплетени пресврти на ниво што прави „Westworld“ да изгледа како шоу за деца. Креаторите на серијата ги изработуваат овие пресврти со деликатно напишана студија за нарушени семејни меѓусебни односи и клаустрофобијата од мал град.
Заплетот во серијата и ликовите, кои се поврзани меѓу себе, се комплексни до тој степен што Netflix создаде посебна веб-страница на која можете да ги следите сите ликови и односите меѓу нив. Доколку се збуните и заборавите некој, можете да погледнете на веб-страницата што ќе ви помогне да запомните многу работи. Во основа, веб-страницата нуди семејно дрво од сите ликови што се појавуваат во серијата, како и местата каде што се случуваат дејствијата во серијата и листа со сите сезони и епизоди.
Што се однесува до крајот на серијата, не постои начин на кој би биле задоволени сите гледачи. Причината за ова е затоа што „Dark“ е полна со парадокси.