Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Славната Ким Кардашијан неодамна го прослави 39. роденден, а на Инстаграм откри каков неочекуван подарок добила од нејзиниот сопруг Канје Вест.
View this post on Instagram
Наместо да ја бомбардира со скапи подароци, Канје донираше милион американски долари во име на реформите во затворите, а Ким откри дека подарокот ја воодушевил.
„Тој донираше милион американски долари во моите омилени добротворни организации кои напорно работат на реформа на затворите во мое име , на негово и на децата. Тоа ме направи многу среќна“, напиша таа со фотографијата на Инстаграм.
Ким исто така објави потврда за исплата на „Инста приказна“ во која се гледа дека Канје донирал пари за организациите : “Cut 50”, “Buried Alive Project”, “Equal Justice Initiative” и “Antic-Recidivism Coalition”.
И сестрата на Ким , Кортни, го пофали Канје во коментарите. „Канје има најдарежливо срце. Тоа е толку инспиративно“, напиша таа.