Дардишта од ДУИ се закани „со војнички чизми“ – Ахмети со осуда за ваквата изјава


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Ние не сме сираци, ние сме никнале по војна. не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во него“, порача на Фејсбук Шкодране Дардишта од ДУИ по најавата за можно заминување во опозиција на нејзината партија. Дардишта е член на одборот на директори на Македонски телеком, а претходно беше директор на заедничките служби на Клинички центар.

Со коментар за овој Фејсбук статус се огласи лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој ја осуди таквата изјава на Дардишта.

„Таквите изјави не се според принципите и каузата на ДУИ“, рече Ахмети.

Претходно од Македонски Телеком се оградија од приватниот став на Дардишта.