Дански архитекти градат пловечка населба за сместување на студенти


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Компанијата Urban Rigger во Копенхаген гради објекти на вода кои ќе нудат пристапни студентски сместувања. Објектите се градат од транспортни контејнери и се сместуваат во градските канали.

Станува збор за нов концепт за заедничко домување на вода за 12 луѓе. Идејата е да се искористат водените површини околу урбаните градски средини со многу студенти. Во Европа и САД владее голема побарувачка за студентски сместувања кои се проблем во големите градови со големи универзитети.

Еден објект од Urban Rigger е целосно оперативен во пристаништето во Копенхаген. Студентите веќе се вселија и се задоволни од сместувањето.

Целта на споменатата компанија е да креира уникатно место за заедничко домување за студенти.