Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Данска компанија позната по производство на прозорци понуди решение за сите оние кои не може да си дозволат балкон.
Станува збор за прозорец кој со два потези се претвора во мини балкон. Кога конструкцијата е затворена, корисникот може да ужива во прозор со голема стаклена површина која обезбедува многу светло.
А доколку корисникот посака балкон, најпрво треба горниот дел да го подигне за 45 степени. Потоа треба само едноставно да го извлече долниот дел од прозорот, кој автоматски се зацврстува, заедно со оградата. Само неколку секунди е потребно за сето тоа.