Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Откако претходно и министрите и европските лидери не усогласија единствен и позитивен став за одредување датум за почнување пристапни преговори за членство во ЕУ со Македонија и Албанија, единствениот начин Македонија на денешниот состанок на шефови на држави во Брисел е да се раздвои од Албанија, меѓутоа тоа е скоро невозможно поради противење на најголем број од државите, пренесува Фокус.
Медиумите известуваат дека две од трите држави кои го „блокирале“ почетокот на преговорите на Македонија и Албанија – Холандија и Данска, ја прифатиле компромисната варијанта да се отворат преговори само за Македонија, но не и Албанија.
Меѓутоа против тоа била најскептичната земја и за двете кандидатки – Франција, но, исто така, против овој концепт на раздвојување застанале и Германија и Италија, кои се за отворање на преговори со двете држави, но не само за една од нив.