Advertisements
Актуелно

„Даночните раеви“ Бахами и Бермуди во топ 5 инвеститорски земји во Македонија

Македонија во изминатата 2018 година, според статистиката, забележала рекордно инвеститорско ниво со странски инвестиции од 624 милиони долари.

Од вкупните инвестиции 404 милиони евра се директни инвестиции, а 220 милиони евра се нераспределена добивка односно реинвестирање на средства од странски компании кои подолг период работат во земјава.

На листата на петте најголеми странски инвеститори во минатата година се Велика Британија со инвестирани 113 милиони евра, Германија (38 милиони евра), Турција (36 милиони евра), Бермудите (36 милиони евра) и Бахамите (31 милиони евра).

Забележително е што меѓу петте најголеми инвеститори се јавуваат и две егзотични земји познати како даночни раеви.

Advertisements

Најпопуларно

To Top